Ископани се на локалитетот Узун Мера во близина на свети николското село Мустафино. Ги пронајде археолошкиот тим на професор Трајче Нацев од штипскиот УГД. Со нив, откриена е и првата таканаречена палеолитска станица во Македонија.

- Ние со овие истражувања откривме археолошки локалитет, што засега е единствен од ваков вид во Македонија. Инаку, ова се многу ретки локалитети. Бидејки палеолитот се бара секогаш во пештери, како првобитни засолништа на Неандерталецот или европскиот прачовек. Нашето откритие е прво негово живеалиште под отворено небо, појасни проф. Д-р Трајче Нацев – УГД Штип.

Што фактички значи терминот палеолитска станица.

- Палеолитска станица е генерален термин што се однесува на археолошко наоѓалиште каде се откриваат елементи од материјалната култура од периодот на среден Палеолит. Фактичко тоа е едно од таканаречените мобилни места или живеалишта на европскиот прачовек – Хомос неандерталис или популарно познато прачовекот неандерталец, објасни д-р Дарко Стојановски – археолог.

Кон крајот на Август најавено е доаѓање на археолошки експертски тим од Италија. Заедно со домаќините од катедрата за Археологија при УГД, точно ќе ја утврдат староста на предметите со кои се служеле неандерталците на овие простори. Инаку, по откривањето на човечки останки од засега најстариот жител во Македонија на локалитетот Грнчарица во близина на штипското село Крупиште, кои датираат пред повеќе од 7000 години пред нашата ера, ова е второ крупно археолошко откритие во Македонија .



Датум на објава: среда, 14 јуни 2017 во 14:48
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:27

коментари

остави коментар