На вечерта, која организаторот ја најави како промо-настан за Викендот на гордоста во Скопје, шест раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера ќе раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност.

- Оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат морална родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа, соопшти организаторот.

Раскажувачи ќе бидат Сашко Коцев, Мирјана Најчевска, Јасмина Никуљска, Ана Мартиновска, Никола Шиндре и и Срѓан Јанакијевиќ, а модераторки Румена Бужаровска и Ана Василева.

Датум на објава: среда, 14 јуни 2017 во 11:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар