По промоциите во Солун и Атина книгата „Мојот професор, пророк“посветена на основоположникот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески е промовирана во Битола.

Авторката, македонската историчарка Вера Стојчевска-Антиќ вели од појавувањето на книгата па до сега во Грција има голем интерес за делото на  македонскиот поет и прозаист Блаже Конески, така што и грчи автори се вклучиле во промоцијата.

Книгата става акцент на граматиката и историјата на македонскиот јазик.

Промотор на книгата „Мојот професор пророк“ беше проф.д-р Александар Стерјовски.

Конески беше професор на авторката Антиќ, така што таа во книгата го опишува односот со него, а пренесени се нивни разговори и видувања за некои од неговите дела. 


Датум на објава: недела, 11 јуни 2017 во 14:26
Анета Шијакова
Обновено во: 15:03

коментари

остави коментар