Иницијативата за организирање ваков настан, посочија организаторите, произлегла од соработката на кумановското со пензионерските здруженија од трите држави и се реализира втора година по ред.

- Годинава, славиме 71 години од пензионерско здружувањe. Манифестацијата веќе прерасна во традиција, изјави претседателот на комисијата за културни дејности од кумановското здружение, Славица Ламбаша.

Вакви манифестации каде што можат да се видат и аматери и поранешни професионалци придонесува за активно стареење, смета Анѓел Тотов од кавадаречкото здружение „Лоза“.

На манифестацијата присуствуваше и претседателот на здружението на пензионери на Македонија, Драги Аргировски кој истакна дека оваа манифестација и во иднина ќе биде поддржана од Здружението.

- Потребни се вакви манифестации за луѓето од третото доба, бидејќи се шират пријателства. Никогаш не е доцна за пријателства не само меѓу пензионерите од Македонија, туку и пензионерите од соседните држави, изјави Аргировски.

Сите, приближно 200 учесници на манифестацијата, добија благодарници за нивното учество. 

Датум на објава: недела, 11 јуни 2017 во 13:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар