На свеченото отворање беше доделена и наградата за животно дело на академик Митко Маџунков. За добитникот не е важно кога туку каде и од кого се добива оваа престижна награда.

Како  Маџунков кој пред 30 години учествувал на тогашните театарски игри Чернодрински со претставата „Големиот смок“ и министерот за култура Роберт Алаѓозовски  својот почеток го имал токму  во градот под Марковите кули  во редакцијата на фестивалскиот билтен. А и сега на истиот фестивал пред јавноста  како министер за култура.

Вечерва на сцените од Домот на културата и од прилепскиот театар ќе бидат прикажани три престави, Марија Калас- час во изведба на Македонската Опера и Балет од Скопје. „Љубовни пози на историјата“ во изведба на Народниот театар од Прилеп и во црквата Свети Никола во Варош пат од Тихомир Стојаноски, а во изведба на Културниот центар скрб и утеха – Тиха.


Датум на објава: сабота, 10 јуни 2017 во 14:45
Зоран Момировски
Обновено во: 14:53

коментари

остави коментар