Без пари, бидејќи смртта на татко им, ја укина финансиската дотација за нега на трето лице. Пари што колку толку  крпеле дупки во нивната егзистенција. Сега, буквално се без храна, во оваа трошна мемлива кука, со дотраен кров. Кога врне, исто е како да си под отворено небо, тврди баб им Владена, чија мала. пензија не е доволна за достоен детски живот.

-   Они треба да се хранат, треба кујна да им се плака, треба нова облека, многу нешта им треба на мојот внук и внука. И дали ќе може да им даде државата помош, да им обезбеди нормални услови за нормален детски живот. Решението е, државата да ги финансира додека им трае школувањето, па потем кога ќе пораснат ќе се вработат. Ова е пораката на бабата Владена Велинова за излез од немаштијата на нејзините внуци Давор и Весна Велкови.

Согледувајќи ја лошата состојба на својот братучед и неговите деца, роднината на покојниот Сашко, Влатко, покренал иницијатива да се изгради нов скромен дом за Велкови. Но, колку се имало пари, толку се градело со помош на кочанските локални власти и неколку локални компании.

-  Сега, уште правам напори, новата кукичка за децата на Сашко да ја завршам, но без пари и материјал сум. Нема да се откажам и затоа ги замолувам сите хумани луѓе и фирми, ако сакаат да донираат кој колку може, Александар и Илина до есенва да имаат вистински кров на глава и нормални услови за живот, апелира Влатко Јанкуловски – роднина.

Во меѓувреме,  масата пред Александар и Илина е празна, таванот пред распаѓање, тагата всадена во нивните детски души. Детство, за 15 годишниот тинејџер и десетгодишната  сестра останува мислена именка. Само хуманоста на сограѓаните, потврдена во несебична помош може да ја врати изгубената насмевката на дечињата од виничко Јакимово.

Сите заинтересирани за помош на семејството можат да се јават на телефон:

072-275-694 Влатко Јанкулов - полубрат на починатиот татко на Александар и Илина

Датум на објава: сабота, 10 јуни 2017 во 14:11
Дејан Ефремов
Обновено во: 14:12

коментари

остави коментар