„Кога би можел да сменам нешто во мојот осамен живот, е да ги вратам годините назад, во 90тите кога ги направив најголемите грешки во животот“. Со воздишка 50 годишниот Хари ја почна приказната како од фамилијарен човек доживеал клупите во парковите да бидат неговиот дом. Ја изгубил фамилијата, некои починале други поради кавга. Тој жали и верува дека еден ден ќе се прости со неговите блиски.

„Не сакам наследство, сакам да се бидам дел од нивните животи“, раскажува Хари.

Во петоците тој оди да се избања во центрите на Црвениот крст, таму ги имаме сите можности од хигиена до храна. Но и државните институции треба сериозни да не стават во нивните агенди, вели Хари. Можеме да работиме, за да имаме за кирија за една соба.

Хари живее од продавање на списанието „Лицевлице“ 50 проценти од продажбата ја добива тој. Денеска денот го завршува во црквата Свети Петар и Павле во Ѓорче Петров. Благодарен на црквата и луѓето кои работат во народната кујна и се грижат да имаат оброк. На менито е грав со риба. Хари вели дека вакви кујни треба да ги има на повеќе места во градот, бидејќи тука се хранат социјално загрозени семејства.  

Датум на објава: петок, 09 јуни 2017 во 14:45
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 14:56

коментари

остави коментар