Истакна и дека нема никаков таен договор меѓу рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак и администрацијата на Трамп.
„Мојот одговор е не. Тука не ни почнаа преговорите....Изненаден сум од атмосферата која ги опкружува руските дипломати. Тоа е антимосковско лудило. Не ми е јасно, од каде луѓето шират такви информации...Добро, амбасадорот се среќава со некого...Што друго? Тоа е неговата работа, за тоа е платен, тој се среќава со луѓе, разговара за тековните проблеми, прави договори. Што треба да работи? Да биде на некои места за потоа да биде отпуштен? – запраша Путин.

Рускиот лидер оцени дека паниката која настанува поради одлуките на Трамп излегува надвор од рамките на реалноста.

„Впрочем, би требало да му бидеме благодарни на Трамп. Слушнав паѓа снег во Москва денеска, а овде паѓа дожд и ужасно е ладно. Сега можеме да ја фрлиме вината на него и на американскиот империјализам, но нема тоа да го направиме“ – наведе Путин.

Потоа се осврна и на односот на западните медиуми спрема руската политика.

„Погледнете ги вашите колеги, погледнете што прават овде...Нив ги интересира нашата домашна политика, тие ни седат над главите, висат со своите стапала и џвакаат мастики, се забавуваат. Тоа е систематски, тоа е непристојно и тоа е нецеромонијално мешање во нашата домашна политика кое трае со години, исто така и на дипломатско ниво“ – му порача Путин на дописникот на „NBC”.

Путин ја прокоментира и состојбата во Сирија.

„Поедини сили во таа земја се користат однадвор за да го срушат Башар ал Асад. Знаете, ги користите денеска и никогаш не знаете што може да се случи утре. Ал Каеда е креирана за да се бори против Советскиот Сојуз во Авганистан, а потоа Ал Каеда удри на Америка на 11 септември. Можеби Асад направи грешки, но групите кои се борат против него не се ангели“ – заклучи Путин.

Датум на објава: сабота, 03 јуни 2017 во 10:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар