Техничките прегледи на  бродовите, кајчињата, катамараните и останатите пловила за превоз по Охридското езеро, покажаа дека тие и годинава запазуваат високи стандарди за безбедност на туристите.

Заштитни појаси, сидро, вене за спасување, противпожарен апарат и радио врска со капетанија се основната минимум опрема, која ја поседуваат сите пловила.

- На патничките пловила односно бродови се извршија технички прегледиодносно бродовите еба на суво се спуштени во вода и техничката способност им е утврдена за следните ти години, а ќе следи еден преглед некаде на половина од тој период, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на РМ.

Обновена е и оштетената наутичка   сигнализација  и во водата  и на брегот.

-Извршивме обнова на  тие знаци, извршивме и санација на оние знаци кои што беа оштетени од човечки фактор , меѓутоа  ете повторно еден апел да не се оштетуваат знаците бидејки тие може живот да значат, додава Устијаноски.

Инспекторите и годинава ќе вршат засилени контроли врз пловилата во Охридското езеро. Оние наутичари кои нема да се придржуваат до прописите за внатрешна пловидба ќе бидат санкционирани.


Датум на објава: сабота, 20 мај 2017 во 15:08
Соња Рилковска
Обновено во: 15:22

коментари

остави коментар