1.Дијамантот е најтврд минерал на светот

Најтврда структура на светот е ултратврдиот нанокристален кубен бор нитрид.

2.Вештерките во Салем биле палени на клада

Иако ширум светот било распространето мислењето дека Вештерките од Салем биле палени на клада, всушност тие биле осудувани на смрт со бесење.

3.Египетските пирамиди ги граделе евреиските робови

Пирамидите ги граделе египетски работници бидејќи Евреите во тоа време не ни постоеле. Експертите тврдат дека тие добиле дури и свои сопствени крипти во пирамидите.

4.Хартијата не е можно да се превитка повеќе од седум пати

Во 2012 година студенти од училиштето Сент Марк во Саутбороу, Масачусетс, успеаја да ја свиткаат хартија дури 13 пати.

5.Големиот кинески ѕид е единствената градба која се гледа од вселената

Првиот кинески астронаут призна дека не успеал да го види ѕидот во текот на престојот во вселената.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 21:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар