Во првиот дел од натпреварот шампионот имаше водство кое на полувремето изнесуваше  10 поени (44:34). На почетокот на последниот период МЗТ Скопје водеше со 70:54, сепак Карпош Соколи со многу подобра игра во одбраната намали на 79:77, а Кендрик Пери промаши слободно фрлање за негатива од еден поен. Во последните 60 секунди домашниот тим ги искористи своите шанси за нова победа.

Кај МЗТ Скопје Ксавиер Темс постигна 22 поена, Шарлон Клоф 21, а Ѓорѓе Дреновац 20, додека кај Карпош Соколи најефикасни беа Пери со 24 поени и Доминик Мавра со 20.

Следниот натпревар се игра на 21.мај во недела во СЦ „Борис Трајковски“, а доколку МЗТ Скопје победи ќе ја одбрани шампионската титула. /МИА

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 21:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар