Иако е во четвртата деценија од животот, Петра Немцова, и понатаму е присутна на модната сцена, а ниедна поголема забава не може да помине без лицето на оваа убавица.

Така кога чешкиот топ модел се појави на гламурозното отворање на Филмскиот фестивал во Кан, сите очи беа вперени кон неа.

Foto: Guliver

Иако сите ја коментираа нејзината блескава насмевка, многумина забележаа еден “проблематичен“ детаљ.
Станува збор за деколтето кое не беше совршено, а кое манекенката намерно го истакна бирајќи атрактивен крој за фустанот.

Нормално поркај оваа ситна забелешка, сите се сложија дека нејзината витка става освојува и ден денеска, а посебно ја пофалија насмевката која Немцова ја одржува, иако е познато дека помина низ многу тешки животни ситуации.

Foto: Guliver

Потсетуваме на нејзината голема храброст и оптимизам откако беше жртва на цунамито, кое во 2004 година го погоди Тајланд. Во несреќата се здоби со тешки повреди, а нејзиниот свршеник Сајмон Атли загина тој ден.
Петра после тој немил настан се посвети на хуманитарната работа и активизмот, кој и помогна полесно да се соочи со траумата низ која помина.

Кога е во прашање нејзиниот љубовен живот, Петра после оваа загуба влегуваше во врски кои беа со краток рок.

Се забавуваше со Џејмс Блант, Џулијен Ленон, Бадр Џафар, Шон Пен, Џејми Белман, а во најновиот магазин на „People&life”, Петра откри дека е свршена.

Сепак, не е познато името на тој среќник.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 21:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар