Најавија интензивирање на преговорите па потоа конкретни министерски решенија.

Не се битни ресорите, важно е новата Влада да функционира за потребите на граѓаните.

А јавноста со шпекулации.  Шест ресори за СДСМ останатите за ДУИ, БЕСА и за Алијансата. Спасовски – МВР,  Шеќеринска, надворешни, евроинтеграции или одбрана, а не е исклучено и без ресор.

Ременски, социјала, Десковска, правда, Николовски, земјоделие, Александар Кирацовски, информатика. ДУИ се гледа на позициите. Арифи, надворешни, Бесими, економија,  Бејта, локална. Меџити економија, но ова минситерство можеби ќе оди и во рацете на непартиска личност.

Од БЕСА најавуваат Централно претседателство за конечен договор.

Алијансата за Албанците – министерството за здравство.


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 18:05
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 18:10

коментари

остави коментар