Изминатиот период активно се работеше на санација на оштетувањата во градинката “8 Март”, објектите “Пеперутка” 1 и 2 во населбата Драчево и објектот “Ѕуница” во селото Драчево. Паралелно, се санираше и кровната конструкција со олуци и во двата објекта.

Ова не се единствените инвестиции во овие градинки во кои денот го минуваат повеќе од 460 дечиња.

Општина Кисела Вода изминатите неколку години имплементираше повеќе мерки за енергетска ефикасност. Покрај замената на вратите и прозорците и замената на фасадата со енергетски ефикасна, беше извршена замена и на системот на греење. Од минатата година овие градинки се загреваат со помош на новоинсталирани котли кои се загреваат со помош на биомаса, што е целосно еколошки метод. Воедно, покрај неколкуте санации на кровот, беше реконструирана и електричната инсталација, а Општината инвестираше и во изградба на пристапна патека од улицата “Бранко Заревски”, до самиот објект. /МИА



коментари

остави коментар