Спутник потсетува дека до новото заострување на односите дошло кога е лансирана севернокорејската балистичка ракета.

Според нивните податоци, „Роналд Реган“ ќе изведе воени вежби со другиот американски носач на авиони „Карл Винсон“ во тој регион. Северна Кореја во неделата изврши уште еден во низата тестови на ракети.

Следниот ден, официјално потврди дека успешно е тестирана балистичка ракета со среден дострел. Таа леташе 30 минути, пролетувајќи 800 километри и падна во јапонското море, надвор од економската зона на Јапонија. За прв пат, проектилот достигна висина од 2.000 километри, потсетуваат медиумите.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 15:29
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:42

коментари

остави коментар