-Во предлог законот што го доставивме до Собранието се бара укинување на екстерното тестирање веднаш. Бидејќи не е обемен закон, односно се бара само укинување на екстерното, ние употребивме можност од Деловникот за да може да го предложиме по скратена постапка, бидејќи сме свесни дека роковите течат. Законот е поднесен и очекуваме на првата наредна седница да биде ставен на дневен ред, рече Богоев.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ посочи дека укинувањето на ектерното тестирање е прв чекор во сеопфатните реформи во образованието.

-Сега е приоритетно да се укине екстерното тестирање, за да сопре малтретирањето и на децата и на родителите и на професорите, рече Туфегџиќ.

Учениците, професорите, наставниците, ја поздравија иницијативата за укинување на екстерното тестирање


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 15:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:41

коментари

остави коментар