Информацијата за средбата ја објави грчкото МНР на официјалниот твитер профил,пропратена со фотографија, но за сега, не постојат детали за што точно разговарале двајцата министри за надворешни работи, со оглед на тоа дека ниту македонското ниту грчкото МНР не излегоа, барем за сега, со официјални соопштенија за средбата.

Двајцата министри за надворешни работи пред 20 дена учествуваа на неформален состанок на министрите за надворешни работи во Валета, па и тогаш имаа можност да се сретнат и да поразговараат за ситуациите во Македонија и Грција и за европските и регионалните прашања.


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 14:38
Сања Ристовска
Обновено во: 15:16

коментари

остави коментар