Два дена по масовната тепачка меѓу приврзаниците и противниците на Ердоган пред турската амбасада во Вашингтон, американските медиуми излегоа со своја вистина. Не се тепале две спротивставени групи демонстранти, туку бодигардите на турскиот претседател ја зеле правдата во свои раце против 30-ина демонстранти, кои протестирале против посетата на Ердоган на Вашингтон. Медиумите објавија и видео снимка на која како што тврдат Ердоган ладнокрвно го гледа своето обезбедување како тепа прокурдски демонстранти, кои протестирале против политиката на Ердоган и барале ослободување на новинарот Селатин Демирташ.

Сенаторот Џон Меккејн бара експресен одговор и протерување на турскиот амбасадор од земјата.

- Тоа беше тим од обезбедувањето на Ердоган. Тие тепаа луѓе, кои мирно протестираа во Вашингтон. Ако тоа го прават во Турција, мене ми е навистина жал. Но, тие мора да знаат дека во Америка правото на протестот е нормална работа, изјави Џон Меккејн, сенатор

Инцидентот се случи за време на посетата на Ердоган на Вашингтон, каде што се сретна со американскиот колега Доналд Трамп. Бодигардите на турскиот лидер се сметаат за едни од најпроблематичните во светот. Пред шест години го претепаа обезбедувањето на Обединетите Нации во Њујорк, а година претходно на го поштедија ниту она на Барак Обама.


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 14:00
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:58

коментари

остави коментар