- Еу препознава дека самото образование , обуката која што се обезбедува преку образование има клучна улога за одигрување во самиот општествен и економски развој на секое општество како и во обезбедување на образовни обуки кои ќе придонесат за подобро разбирање на децата и на младите луѓе поврзани со прашања кои се однесуваат на еднаквоста, антидискриминацијата и различноста во нивното општество, изјави Самуел Жбогар , евроамбасадор.

ЕУ ќе продолжи и понатаму да финансира активности кои поддржуваат инклузивно, интегрирано учење , без разлика дали неформално или воннаставни активности или преку друго формално учење, потенцираше Жбогар.

Зајакнувањето  на процесот на меѓуетничка интеграција во училиштзто го имплементираат здружението Мировна акција и Центарот за мировни студии од Загреб.

- Сметаме дека тој процес мора да биде зајакнат и е еден вид намалување на проблемите кои што ги имаме заради реално речено скоро потполната сегрегација во училиштата, да се најде начин наставниците, а преку нив и децата да имаат поголеми можности за меѓусебна комуникација , заедничка работа дали на проекти или наставни или воннаставни активности,  изјави Горан Талевски од здружение „Мировна акција“.

Активноста беше дел од кампањата „ЕУ за тебе“ која има цел да ги подигне свеста и информираноста на јавноста за помошта на ЕУ во земјата.


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 13:54
Снежа Петковска
Обновено во: 14:37

коментари

остави коментар