Шведската директорка на јавното обвинителство, Мариан Ни испратила барање до судот во Стокхолм да се повлече налогот за апсење на 45-годишниот Асанж. Тој беше обвинет дека силувал две Швеѓанки,  што Асанж го негираше. За да ја избегне екстрадицијата во Шведска, Асанж повеќе од 5 години воопшто нема излезено од зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон.

Но, тука не завршува неговата голгота – тој сепак не може да ја напушти Амбасадата на Еквадор која му даде азил.

- Прва работа која треба да ја направиме е да бараме гаранции од британските власти дека нема биде одведен во друг правец– рече Мелинда Тејлор, адвокатка на Асанж.

Лондонската пак  Метрополитен полиција потврди дека Ансаж сепак ќе биде уапсен.

Сега ситуацијата се промени, но Асанж и натаму се бара за помалку сериозно обвинување – соопштија од лондонската полиција. Асанж се бара бидејќи одбегнал да плати кауција кога заминал во амбасадата на Еквадор. Но многу посериозни се обвинувањата од Америка – и ризикот дека Британија ќе го екстрадира на американските власти поради објавување на 500 илјади тајни мејлови на американската администрација – што беше најобемно протекување на информации од државен карактер. За крадење на овие информации беше обвинет поранешниот американски војник Челси Менинг кој со одлука на Обама беше ослободен пред да ја отслужи до крај затворската казна. 


Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 13:45
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 14:45

коментари

остави коментар