Вредноста на договорот е 72 милиони евра. Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ годишно го посетуваат н а 800 илјади луѓе и е најголем приоритет во здравството, посочи Тодоров.

На својот фејсбук статус и претседателот на ВМВРО ДПМНЕ Никола Груевски напиша„ Со потпишувањето на  договорот за градба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се отпочнува со реализација на еден капитален и суштински проект кој го ветивме на граѓаните“. 

На проектирањето на новите објекти и инсфраструктура на Клиничкиот центар четири години интензивно работеа тимови на проектанти од италијанска компанија во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа, како и тимот од Министерството за здравство и Проектната единица, пишува претседателот на ВМРО ДПМНЕ Груевски.

Објектот ќе има висока функционалност и безбедност, а врвен приоритет е третманот на пациентот и неговото олеснето движење, посочи Тодоров.

-Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше, но оние вистинските прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од премиерот, но овој проект не е само наш проект, ова е национален проект. Проект на државата Република Македонија. Здравјето не препознава политичка, етничка или каква било припадност и затоа најважно е овој проект целосно и навремено да се реализира со цел што е можно побргу придобивките од новиот клинички центар да ги имаат граѓаните и државата, порача Тодоров.

Изградбата на новиот клинички центар треба да биде готов 45 месеци од почетокот на градбата. 



Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 13:40
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 15:06

коментари

остави коментар