Како дел од проектот „Поставување на туристички патоказни табли“ поставени се осум столба со по три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.
Овие туристички табли се поставени на плоштад „Филип Втори“, наспроти црквата „Свети Димитрија“, плоштад „Македонија“, Спомен куќа на мајка Тереза и Стара скопска чаршија.

Поставена е табла на плоштад „Филип Втори“ до Камениот мост, Музеј на Град Скопје, Стара скопска чаршија и Скопско Кале, потоа на плоштад „Македонија“ до Ристиќевата палата, Музеј на Град Скопје, Спомен куќа на мајка Тереза и Стара скопска чаршија.

Табла е поставена и наспроти Порта Македонија, Спомен куќа на мајка Тереза, Плоштад „Македонија“ и Стара скопска чаршија, потоа наспроти Собрание на РМ, Стара Скопска чаршија, Плоштад „Македонија“ и Спомен куќа на мајка Тереза.

Туристичка патоказна табла е поставена меѓу хотелот „Холидеј ин“ и мостот, на Плоштад „Македонија“, Камени мост и Стара скопска чаршија, потоа на улица „Македонија“, кај пешачкиот „Рекорд“, Спомен куќа на мајка Тереза, Музеј на Град Скопје и Стара скопска чаршија.

Од Град Скопје информираат дека туристички табли се поставени и на „Улица Македонија“, кај пешачкиот на улицата „Даме Груев“, Музеј на Град Скопје, Спомен куќа на мајка Тереза и Камени мост.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 12:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар