Нацрт-законот, што предвидува нови намалувања на пензиите од 2019 година, зголемување на даноците и ограничување на социјалната помош, беше одобрен од 153 пратеници од владејачкиот блок на коалицијата на радикалната левица (Сириза) и партијата „Независни Грци“. „Против“ гласаа 128 грчки пратеници.

Пред зградата на грчкиот парламент синоќа се собраа речиси 10.000 лица, за да протестираат против усвојувањето на новите економски мерки.

Група млади лица фрлаа врз грчката полиција молотови коктели, а силите на редот користеа солзавец за да ги растераат демонстрантите.






Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 10:16
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:18

коментари

остави коментар