Рохас два пати е уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, пренесува „Ројтерс“.

Во нападот загина најмалку едно лице, а 22 се повредени, наведува „АФП“.


Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио изјави дека уапсениот граѓанин на САД е и поранешен припадник на американската морнарица.

ФБИ веќе соработува со полицијата во Њујорк во истрагата за денешниот напад.

Возилото кое влетало меѓу пешаците е црвена лимузина, наведува „Ројтерс“ а возачот откако е приведен е однесен во станица, каде ќе биде тестиран за нивото на алкохол во крвта.

Без оглед на недостатокот на докази за терористички напад, градот Њујорк распоредува сили на клучните локации, наведува „АФП“.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 22:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар