Јубилејниот 70-ти филмски фестивал во КАн ги привлече најголемите ѕвезди на Холивуд, а меѓу главните убавици се најде и поранешната манекенка Ева Херцигова.

Foto: Guliver

Чешката убавица се појави на гламурозното отворање кога се прошета по црвениот тепих, а поради нејзиниот младолик изглед и одличната форма, ретко кој би поверувал дека е во петтата деценија од животот.

Foto: Guliver

Ева за оваа гламурозна прилика се одлучи за елегантен фустан на италијанскиот дизајнер Роберто Кавали, а кој во целост ја нагласи нејзината силуета.

Станува збор за креација со едноставен крој, кој ја прати линијата на телото, длабок прорез кој ги нагласува нозете и заедно со деколтето дава нота на сексапил.

Инаку, Херцегова веќе некое време живее мирен живот и ги избегнува медиумите, и ова е една од ретките прилики да ја видиме.

Многумина беа воодушевени од нејзината изјава во која соопшти дека наскоро ќе се омажи за своето момче, со кое во текот на 14 годишната врска доби тројца синови, Џорџ, Филип и Едвард.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 22:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар