Холандскиот крал Вилијам Александар без оглед на тоа успеал да живее некој свој поинаков живот.

Иако пред четири години ја наследил круната од својата мајка, кралицата Беатрикс, тој веќе со години работи како пилот и тоа вешто го сокривал од јавноста.

„Чувството е фантастично. Ова лето ќе учам да управувам со Боинг 737“-  изјави педесетгодишниот крал.

Најмалку два пати месечно е во кокпитот на авионите на авиокомпанијата „KLM” и тоа главно лета за Германија, Велика Британија и Норвешка.

Неколку пати управувал и со службените владини авиони.

Foto: Getty

Патниците ниту еднаш досега не го препознале во униформа. Имало и такви кои би му го препознале гласот, но никогаш не се претставувал.

Како што самиот изјавува летањето го опушта. Тој не е единствениот крал кој управува со авиони, но е единствениот кој работи за некоја авиокомпанија.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 19:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар