На 262 страници збирката нуди тематски определен панорамски преглед на извадоци од творештвата на голем број македонски поети од различни генерации и стадиуми од развојот на македонската книжевност, почнувајќи од Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Рајко Жинзифов, Петар Поп Арсов и Димитрија Чуповски, продолжувајќи со Кочо Рацин, Ганчо Хаџи-Панзов и Коле Неделковски.

Во книгата се поместени и извадоци од дела од Блаже Конески, Венко Марковски и Гане Тодоровски; Јордан Плевнеш, Михаил Ренџов, Тодор Чаловски, Панде Манојлов, Радован П. Цветковски, Тихо Најдовски, Ристо Јачев, Лиле Арсова, Павлина Климкар Меанџиева, Катица Ќулавкова, Васил Тоциновски; како и поетски дела  од современите поети од најновите генерации: Стефан Марковски, Димитри Соле Љубин, Игор Крајчев, Марина Мијаковска.

Како што потенцира приредувачот д-р Васил Тоциновски во предговорот, „трудот Златен меч на времето претставува еден можен обид за испишување лирска историја за Велес и за неговите луѓе“. /МИА

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 19:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар