На над 50 локации полицијата трага по членовите на една од најозлогласените банди Ем- Ес 13.

По налог на обвинителството, се бараат 44 члена на бандата, обвинети за убиство.

Тројца од нив се соочуваат со смртна казна.

Од рани зори во акцијата се уапсени над 20 припадници на бандата за која се смета дека во Лос Ангелес има 800 члена.

Членовите на бандата се товарат за бројни убиства, трговија со луѓе и оружје, проституција, па дури и насилства во јужноамериканската држава Салвадор. 

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 17:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар