Во саботата попладне во Сиднеј, пилот приземјил хеликоптер во дворот на Мекдоналдс, излегол од леталото, купил храна, се вратил назад и одлетал.

Многумина за момент се исплашиле бидејќи ова не е секојдневна ситуација, хеликоптер да слета во Мекдоналдс, па помислиле дека станува збор за некоја итна ситуација.

И била, како за кого...

Сепак, колку и да му е на некого ова симпатично, ова нема да помине неказнето, па така Агенцијата за безбедност на цивилниот авио сообраќај го испитува овој инцидент.




.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 16:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар