Меѓутоа еден експерт сега тврди дека пронаоѓањето на овие мегаструктури би можело да биде релативно лесно, доколку истражувачите посветат внимание на вистинските места.

Професорот Заза Османов од Универзитетот во Тбилиси во Грузија, тврди дека тоа би можело да се изведе дури и со постоечката технологија и дека кандидатите се наоѓаат во близина на Сончевиот систем, пренесува „Индепендент“.

Станува збор за 64 пулсари за кои, според Осман, постои најмногу шанси да содржат вонземјански структури.

Сепак, научникот смета дека најверојатно не би личеле на Дајсоновата сфера (сферична школка), туку на некоја врста тенок, рамен штит.

Во студијата објавена на сајтот ArXiv, Османов наведува дека Дајсоновата сфера би можела да се воочи со употреба на инфрацрвен телескоп доколку се наоѓа во зона погодна за живот во некој соларен систем.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 16:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар