Незадоволна активистка, ја нападна амбасадорката Вљора Читака  за време на предавање на универзитет во Денвер.

- Срам да ти е. Ти си криминалец и убиец, викаше активистката, откако прво и постави прашање, а потоа ја гаѓаше амбасадорката со две јајца.
Инцидентот се случи на трибина, на која присуствуваше и поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил.

Медиумите објавија дека се работи за активистка на косовското движење „Самоопределување“, која живее во Денвер и која била незадоволна од владеењето на правото и образовниот систем во Косово.


Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 14:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:57

коментари

остави коментар