Заедничката изјава беше дадена во утринските часови по разговорите меѓу лидерите кои траеле три часа. Со договорот се потврдува и учеството на опозицијата на изборите.

- Договор е постигнат врз основа на пакетот што го понудија САД и ЕУ , врз договорот на Мекалистер. Договорот во детали наскоро ќе биде објавен вели Љуљзим Баша претседател на Демократската партија. 

„Се согласувам 100% со она што го рече претседателот на демократската партија“ – рече Рама.

На крајот двајцата лидери на власта и опозицијата се ракуваа, што ретко може да се види на политичката сцена во Албанија.  Мекалистер
Договорот Мекалистер, наречен според главниот европски посредник, што беше основа за компромис, предвидува на опозицијата да и се отстапи претседателското место во Централната изборна комисија, да добие високи функции во полицијата, како и поголеми казни во случај на поткуп на гласачите.

Политичката криза во Албанија траеше повеќе од 90 дена – опозицијата која организираше масовни протести бараше привремена влада која ќе ги организира изборите. изборите се закажани на 18 јуни, но новата спогодба најверојатно ќе ги пролонгира, зашто опозицијата не поднесе кандидатски листи во предвидениот рок. 

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 13:42
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 14:23

коментари

остави коментар