Дејвид и Викторија се во брак веќе 18 години и родители се на четири деца, синовите Бруклин(18г.) Ромео(14г), Круз (12г) и ќерката петгодишната Харпер.
Годинава двојката слави 20 години врска.

Славниот фудбалер за годишнина  од врската сака својата сопруга Викторија да ја „изненади“ со приватен остров.

Островот Брд Кеј се наоѓа на Карибите и за него Дејвид планира да плани 8 милиони евра.

Островот има површина од 250 хектари , со плажа од 8 километри. На него се наоѓа и палата со гостинска куќа и пет куќички за вработени.
Бекамови не се единствените познати личности кои мирот сакаат да го пронајдат на приватен остров.

Од светскиот џет сет свои острови имаат Џони, Деп, Мел Гибсон, Анџелина и Бред , Леонардо Дикаприо, Памела Андерсон, шакира, Џеј Зи и Бјонсе, Николас Кејџ... 

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 10:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар