Следната фаза е покренување на членот 7, алинеја 2, кој предвидува санкции, како што е суспендирање на правото на глас.

Членовите на Советот досега сакаа да избегнат казнување на земји-членки.

Ова како што соопшти Европскиот парламент е поради „сериозното влошување“ на владеењето на правото, демократијата и основните права во Унгарија го оправдуваат активирањето на постапката која може да резултира со санкции.

Со резолуцијата се повикува унгарската влада да ги укине законите со кои се заоструваат правилата против азилантите и против невладините организации и да се овозможи универзитетот на Џорџ Сорос во Будимпешта да продолжи со работа како „слободна институција“.

„Унгарија е тест за ЕУ да го докаже својот капацитет и волја да реагира на заканите и прекршувањата на сопствените основни вредности од земја-членка“, се наведува во текстот.

Исто така пишува дека и други земји-членки покажуваат знаци на слично поткопување на владеењето на правото како Унгарија.

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 21:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар