Од обвинителство денеска ги разгледуваат снимките од камерите на соседните згради, што треба да покажат кој влегол и излегол дента од зградата каде е најдено безживотното тело на докторката. Снимките се дел од истрагата која треба да ја реши мистеријата дали тука се случило убиство или самоубиство.

Две недели од непријатниот настан во зградата на „Елисије Поповски Марко“ број 10, се уште нема одговор од институциите што точно се случило во станот 23. Извори од истрагата објаснуваат дека денеска ги разгледувале снимките од сите посетителите во зградата, кои влегле тој ден.

Обвинителство се уште го чека извештајот од судска медицина по направената обдукција, во истрагата се чекаат да дојдат и резултатите ДНК испитувањата на крвта од починатата 53 годишна жена.

Анализата на сето ова треба да го даде одговорот. Во вторникот на деветти мај докторката била видена попладне како влегува во зградата. Во станот ја нашол нејзиниот сопруг со исеченици на рацете и убодна рана во вратот, до неа бил ножот.

Во 21 часот повикал брза помош, а настанот бил пријавен во полиција. Станот каде што живееше докторката се уште е под истрага. 



Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 18:01
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 18:05

коментари

остави коментар