За време на своето обраќање пред Претставничкиот дом на САД тој повика на соборување на Трамп.

Претходно денеска Грин ja објави својата намера на “Твитер”.

„Денес во Конгресот на САД ќе побарам интерпелација на претседателот“, напиша тој на социјалната мрежа.

Претседателот на Комората Пол Рајан повика да не се избрзува со пресуда и појасни: “Имаме потреба од фактите”.

Во меѓувреме Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху спроведоа телефонски разговор, соопштува “Гардијан”.

Потсетуваме дека поводот е дека  американскиот претседател открил на средба со руски претставници разузнавачки информации обезбедени од Израел. Информацијата е откриена пред посетата на Трамп во Израел следната недела.

Портпаролот на Нетанјаху изјави дека 20-минутната разговор бил поврзан  само со деталите околу посетата на милијардерот.

Потврдата за разговорот доаѓа по коментар на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложил  да обезбеди го стенограмот од разговорите меѓу Трамп и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белата куќа.

Според американски официјални претставници Трамп споделил на Лавров и рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислек информации за терористичка закана на ДАЕШ ( “Исламска држава”), поврзани со употребата на лаптопите на патничките авиони.

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 17:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар