Според зборовите на портпаролката на болницата во Нангархар, Инамулаха Миахила, меѓу загинатите се и четворица вработени во телевизијата и двајца полицајци, пренесе „АП“.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш изјави дека четворица напаѓачи се убиени во текот на нападот, кој започнал со експлозија, а продолжен со судири со авганистанските безбедносни сили.

Наоружаните напаѓачи влегле во зградата на авганистанската државна телевизија и радио станица, а во текот на судирите со обезбедување двајца се разнеле, соопшти официјалните претставници. Исламската држава ја презема одговорноста за нападот.

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 16:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар