Во спасувачка мисија се вклучи и Владимир Путин, кој целата ситуација во САД ја нарече политичка шизофренија.

На неполни четири месеци од преземањето на функцијата, импичмент за Доналд Трамп прв пат поддржуваат повеќето Американци.

Анкетата на Паблик Полиси Полинг покажа дека 48 отсто граѓани се за отповикување на претседателот, а 41 се против. Истражувањето следи по двете афери за два дена, кои ги објавија престижните американски весници. Откако вчера Вашингтон Пост објави, а Трамп призна дека на рускиот министер за надворешни работи Лавров му споделил тајни доверливи информации поврзани со делувањето на Исламската држава, денеска Њујорк Тајмс објави нова афера.

Весникот тврди дека Трамп неодамна побарал од сега разрешениот директор на ФБИ, Џејмс Коми да ја прекине истрагата за својот екс советник Мајкл Флин за наводните врски со Русија. Дел од демократите бараат Трамп да објасни и дали со разговорите со Лавров ја загрозил националната безбедност.

- Претседателот мора да ги објави целосните транскрипти од разговорите веднаш и без одлагање. Ако претседателот ја ставил националната безбедност на ризик, Конгресот мора да знае за тоа, изјави Чак Шумер, сенатор.

Во спасувачка мисија се вклучи и Владимир Путин, кој актуелната состојба во САД ја нарече политичка шизофренија. 

- Не постои друг начин на кој јас би можел да ги објаснам обвиненијата против американскиот претседател на САД дека му издал тајни на Лавров. Ако американската администрација смета дека е можно, ние сме спремни на Сенатот и на Конгресот да им го дадеме преписот од разговорот меѓу Лавров и Трамп, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Барање за импичмент на Трамп досега побарале 12 демократи. 

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 16:17
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар