Менинг околу 2 часот по централноевропско време го напушти воениот затвор во Канзас, пренесе телевизијата „NBC”, повикувајќи се на неименувани воени официјални лица.

Ослободена е на основа на одлуката на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој ја помилува во последните денови од својот мандат.

Таа одлежа скоро седум годишна затворска казна во текот на која два пати се обиде да се убие.

Осудена е во август 2013 година на 35 години затвор поради оддавање на повеќе од 700.000 владини тајни и воени документи на сајтот Викиликс во 2010 година, што е најголемото оддавање на тајни материјали во американската историја.

Во моментот на извршувањето на кривичните дела Челси беше маж и се викаше Бредли Менинг, а во затвор стана жена.


Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 16:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар