Виталиј Базаров го отстрани регулаторот за дишење и дозволи рибите чистачи да му ги исчистат забите.

Видеото е снимено во Синајскиот Полусостров во Египет.

Виталиј изјавил дека нуркал со своите пријатели во Сината Дупка во Дахаб.

„На длабочина од околу 30 метри рибите почнаа да ми ги грицкаат усните. Знаев дека бараат храна па поради тоа го остранив регулаторот и им дозволив да влезат во мојата усна шуплина. Ја свртев камерата и го направив видеото“, изјавил Виталиј.

 

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 22:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:23

коментари

остави коментар