Пенелопе Круз е непрепознатлива со руса коса.

Серијата, посветена на животот на семејството Версаче, во десет епизоди, ќе се емитува следната година.

Модниот свет беше шокиран кога Џани Версаче во 1997, на 50 годишна возраст беше убиен. Убиството беше главна тема во медиумите, се до смртта на принцезата Дијана која се случи по неколку недели.

Донатела Версаче секогаш соработувала со својот брат на креациите. Тој дури посвети и еден од своите парфеми, во нејзина чест.

По смртта на Џани Версаче, таа го презема брендот кој го востанови тој и продолжи со бизнисот во кој претходно учествуваше со удел од 20 проценти.







Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 21:39
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:41

коментари

остави коментар