Во новото интервју за „Асошиејтед Прес“ актерот призна дека работи многу на себе. Слободното време го поминува во “одржување на бродот на површината“ и “барање нов концепт на семејство“.

„Децата се се, тие се твојот живот. Треба да бидат нашиот фокус“ – изјави актерот.

„Не сум склон кон самоубиство или такво нешто. Толку многу убавина и љубов има на овој свет и многу љубов која треба да се даде. Се е во ред, тоа е само живот“ – додаде Пит.

Во неодамнешното интервју призна дека се обидува да биде подобар татко и дека поради тоа оди на терапија.

„Избегнував многу. Само ги пуштив работите. Тоа секогаш била долга игра за мене. Се надевам дека моите намери и работа ќе зборуваат сами за себе. Немам тајни, немам што да кријам. Сите сме луѓе и таа човечка состојба е многу интересна. Доколку не зборуваме за тоа, нема да станеме подобри“ – искрен е Бред Пит.

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 11:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар