Заборавете веќе на мисиците кои со мака одговараат на прашањата на жирито, 25 годишната Кара е нуклеарна хемичарка.

Убавата Кара е научник  и работи во Американската Нуклеарна регулаторна комисија.

За време на изборот  новата Мис на Америка доби многу позитивни коментари поради својот природен изглед  и поради своите изјави поврзани со политиката.

Foto: Getty



Кара во својата изјава  на изборот  рече, „дека медицинската нега е привилегија а не право на секој човек“.

- За да имате здравствена заштита мора да имате работа. Се залагам за поттикнување на систем во кој би се отварале работни места и би се обезбедила здравствена заштита за сите Американци -  рече убавицата.

Изјавата на Кара дојде во екот на расправата за или против околу  укинувањето на реформата во здравството на претходниот американски претседател Барак Обама, која подразбираше жителите на САД да имаат задолжително здравствено осигурување.

Некои од коментарите на Твитер покажаа разочарување од ставот на Кара.

- Претпоставувам дека сиромашните луѓе не заслужуваат здравствена заштита бидејќи кара рече дека тоа е привилегија - пишува корисник на Твитер.

Друг вели дека таа за него била фаворит, но веќе не е, бидејќи „секој има право на здравствена заштита“.



Foto: Getty



Инаку изборот за Мис на Америка на кој учествуваат 51 убавица беше одржан во Лас Вегас , во најтесниот круг за титулата на Мис беа и Мисот на Њу Џерси Чави Верг  и Мисицата на Минесота Мередит Голд , кој беа избрани за прва и втора придружничка. 

Датум на објава: понеделник, 15 мај 2017 во 10:03
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:20

коментари

остави коментар