Шерел вели дека нејзината совршена убавина за неа е проклетство, бидејќи мажите ја гледаат само како убавица и трофеј.

Таа работи како трговец, со желба да стане актерка. Додека се пробива во актерскиот свет со помали улоги, избегнува да влегува во врски бидејќи знае дека потенцијалните партнери би сакале само да ја покажат и да се пофалат со неа, а не да ја запознаат и да оформат нормална врска со неа.

Image result for chebella91


- Мислам дека на обичните жени им е полесно, нивниот изглед е просечен и мажите навистина се трудат да ги запознаат. Јас постојано привлекувам погрешен вид на внимание и тие никогаш не се обидуваат вистински да ме запознаат. Обичните девојки завршуваат во долги врски, а јас постојано бакнувам жаби! Доста ми е од тоа луѓето да мислат дека сум зла бидејќи јас сум навистина добра личност. Постојано привлекувам погрешни и сега навистина се откажав од мажите - вели убавата Шерел за Дејли меил.
Image result for chebella91



- Често ми приоѓаат и велат - О, па ти мислиш дека си многу згодна? Кога ќе излезам со некој, тој само се занимава со мојот изглед, воопшто не ме слуша. Ниеден маж досега не се заинтересирал за разговор со мене - искрена е убавицата.

Шерел има 23 000 следбеници на социјалните мрежи, но не се сите добронамерки кон неа.

- На инстаграм сум добивала многу лоши пораки. Една девојка ми напиша - мислиш дека си убава но не си. Убиј се! Едно момче пишува дека сум предобра за кој било. Јас би сакала да не се суди за книгата по корицата!Image result for chebella91



- Мислам дека општеството денеска има проблем со тоа како ги третира убавите жени - заклучува Шерел.

Датум на објава: петок, 12 мај 2017 во 13:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар