И покрај одличниот настап на големата сцена во Киев во второто полуфинале  нашата Јана Бурчевска не успеа да обезбеди место во големото евровизиско финале  во сабота во Киев.



Од втората полуфинална вечер место во големото финале  на Евровизија обезбедија изведувачите од Бугарија, Белорусија, Хрватска,Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.



Сепак нашата Јана влегува во историјата на изборот на песната на Евровизија како првата изведувачка која добила брачна понуда. Нејзинио момче Александар пред објавувањето на финалистите директно пред ТВ камерите ја побара Јана за жена..Откако Јана ја прифати брачната понуда следуваше громогласен аплауз од преполната сала и честитки од водиелите.



Датум на објава: четврток, 11 мај 2017 во 23:16
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:48

коментари

остави коментар