Ако се земе во предвид дека Том Хидлстон и Хју Лори се главните ликови во серијата, а притоа првиот, веднаш по неговото појавување беше етикетиран како најдобар кандидат за следен Џејмс Бонд, додека  вториот е обележан со ликот на д-р Хаус за цел живот, не треба да бидеме изненадени што оваа серија покрај ваквите споредби, одеднаш ги освои и гледачите на Џејмс Бонд и гледачите на д-р Хаус, постигнувајќи фантастични рејтинзи на гледаност секаде каде што се појави...



Од понеделник 15-ти мај и гледачите на Канал 5 ќе го имаат тоа задоволство, и (според коментарите на реномираниот „Sun“) ќе уживаат во една од најдобрите криминалистички серии на сите времиња, зашто...  „Ноќен менаџер“ не е само обична приказна за илегалната трговија со оружје; „Ноќен менаџер“ не е обична приказна за љубовта и добрите и лошите страни на човечката природа;  „Ноќен менаџер“ е необично добар спој на се’ наведено и плус дополнето со најдобрите британски актерски сили кои жарат и палат во светот на филмската индустрија.



Очекувајте го стартот на „Ноќен менаџер“ – ВО ПОНЕДЕЛНИК НА КАНАЛ 5!


Датум на објава: четврток, 11 мај 2017 во 16:03
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:22

коментари

остави коментар