Шпионското ремек дело на Џон ле Каре, режирано од Оскаровката Сузан Бир, со големите британски ѕвезди Хју Лори и Том Хидлстон, со 37 номинации за највисоките филмски награди, освоени 2 Еми награди за режија и музика и 3 Златни глобуси за најдобар главен машки лик и најдобар спореден машки и женски лик, ќе ве импресионира со својата напнатост, храброст, зло, љубов и копнеж, барање на сопствената суштина во светот кој отишол по ѓаволите.



Том Хидлстон го глуми ноќниот менаџер  Џонатан Пајн кој бегајќи од пропаднатиот брак и сопственото минато станува британски војник кој ќе се бори во Ирак, за потоа да се повлече и да започне да  работи како ноќен рецепционер во хотел, зашто има намера да биде далеку од хаосот.  Но се’ се менува во моментот кога ќе му бидат доверени компромитирачки документи и кога ќе умре личноста што ќе му ги довери. Тогаш живот на ноќниот менаџер ќе се искомплицира и вкрсти со животот на Ричард Ропер (Хју Лори).




Ричард Ропер (Хју Лори) е богат, образован и шармантен милјардер, но зад неговата маска на бизнисмен филантроп и вистински господин, се крие еден од најопасните луѓе на светот кој својата империја ја создал продавајќи оружје и поткупувајќи луѓе за да стигне до важни информации. Во една ситуација кога Џонатан Пајн (Том Хидлстон) ќе го спаси неговиот син кој е единствената Роперова слаба точка, Ропер ќе го прими Пајн во својот дом и живот...



Женскиот лик, пак,кој е покренувач на сите емоционални празнења се вика Џед Маршал (Елизабет Дебики) – Роперовата прекрасна, интригантна и заводлива жена, неправедно заробена во светот на криминалот само за финансиски да го помага своето семејство.




Очекувајте тензија и маестрално надмудрување на главните протагонисти.




Очекувајте ремек дело од секоја епизода, зашто  ниту една епизода од „Ноќен менаџер“ не е поевтина од 3 милиони фунти. Раскошната сценографија, екстериерите кои ќе ве одведат од Каиро преку Мајорка и Истанбул, па се’ до Лондон, ќе ја направат серијата „Ноќен менаџер“ неодолива и за вас почитувани гледачи, како што тоа веќе се случи во дури 180 земји во светот.




Бидете со програмата на Канал 5 и очекувајте го понеделничкиот старт на „Ноќен менаџер“!





Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 16:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:06

коментари

остави коментар