- Ова е најлошото глумење на кое имав несреќа да сведочам - пишува корисник на социјалните мрежи.



- Улогата на Дејвид Бекам ме предомисли - нема да го гледам филмот - пишува друг.

- Се што видов е дека Бекам не знае да глуми - но тоа го знаев и претходно!

- Иконскиот момент кога кралот Артур го извлекува мечот од каменот нема да биде упропастен со присуството на Дејвид Бекам - додава корисник на Твитер.




- Навистина се радував да го гледам новиот филм „Крлаот Артур“ се додека не дознав дека Дејвид Бекам е во него!




И додека едни го критикуваа Бекам, други за најголем виновник што тој воопшто се појавува во филмот, го прогласија режисерот Гај Ричи, кој е добар другар со Бекам.

- Присуството на Дејвид Бекам ја уништува секоја сцена во која тој се појавува!

- Филмот е многу смешен, екстремно предвидлив, и апсолутно е депресивно што во „Крлаот Артир“ игра Дејвид Бекам!

Но, има и такви што му честитаат на Бекам што се појавил во филмот и велат дека одвај чекаат да го гледаат!



Некои дури бараат тој да се појави во „ Game of Тhrones“ бидјеќи - таков му бил карактерот!

Чарли Ханам кој ја игра главната улога во филмот, вели дека Дејвид бил екстремно посветен на својата улога.


All smiles: Leading man Charlie Hunnam posed for a snap with co-star Djimon Hounsou on the carpet in their dapper threads at LA premiere on Monday




- Тој го сфати ова многу сериозно. Можеше да се појави, да каже што има, да не се вложува толку  и да се насмее.Но тој работеше со учител по глума и беше решен да направи добра улога. И јасно ми беше зошто и досега бил толку успешен - тој сфаќа се толку сериозно, како срцев удар - вели Ханам.

/извор: Дејли меил



Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 13:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:39

коментари

остави коментар