Квалитетот и реномето на противникот е добро познат, но и важноста на натпреварот за нашата репрезентација, која со победа сериозно ќе се приближи до пласман на ЕП.

Интересот на јавноста е голем, така да на два дена до почетокот на натпреварот, останати се уште мал број влезници во продажба. Натпреварот се игра во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

Влезниците се продаваат на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, по цени од 100 денари (долни трибини – партер) и 200 денари (горни трибини). Влезниците може да се резервираат и на интернет страницата на МК Тикетс. /МИА

Датум на објава: вторник, 02 мај 2017 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар