Настанот се случил вчера претпладне во куќа на улицата „205“ во Гостивар.

Според СВР Тетово, помеѓу таткото А.С. (57) и синот Б.С. дошло до вербална расправија во семејната куќа. Синот го нападнал, удирајќи го по телото и главата и упатил закани дека ќе го убие, но бил спречен од неговиот брат и истуркан во дворот. Набрзо потоа, Б.С зел секира и почнал да удира во вратата од куќата. Таткото извадил пиштол што го поседувал без дозола и испукал еден куршум кон синот и го ранил во левата подлактица. Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, каде што му е укажана лекарска помош и потоа е приведен во полициска станица.

Осомничениот за пукањето, набрзо по пријавувањето е лишен од слобода. На синот му е земена парафинска ракавица, а оружјето со кое најверојатно е пукано е пронајдено и предадено на вештачење.

Полициска екипа, по овластување на јавен обвинител, извршила увид на местото и се работи на утврдување на деталите и расчистување на настанот. 

Датум на објава: вторник, 25 април 2017 во 09:19
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:46

коментари

остави коментар